Убави брзи погачки едноставни за подготовка.
Подготовка
Во сад го ставаме брашното на средина го ставаме квасецот и го активираме со топол јогурт и малку шеќер. Околу тестото ја додаваме солта, а кога квасецот ќе стаса го додаваме зејтинот и замесуваме со остатокот млак јогурт. Тестото е замесено кога ќе почне да ни се одлепува од раце и од пластичниот сад.
Тестото го оставам петнаесетина минути да одмори и веднаш го делам на два дела.
Едниот дел го расукувам и премачкувам со путер и повторно расукувам правоаголна форма.
Врз тестото го нанесувам филот и мотам ролат. Ролатот го сечам на косо и добивам триаголници.
Истото го повторувам и со второто тесто.
Погачките ги ставам во плех за печење обложен со хартија ги премачкувам со филот и им наросувам сусам. За десет минути ги ставам во ладна рерна и тогаш го вклучувам шпоретот на 200 степени. Печам триесетина минути...
Добар апетит!!!
Сите пецива кои се подготвуваа со кисело млеко или јогурт имаат посебна мекост и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани