2
ное
2013
Ќофтиња од карфиол
Карфиолот разделете го на мали цветчиња и ставете го да вари во вода околу 10-15 минути да омекне. Исцедете го од водата и оставете го да олади. Потоа со алатка за пире изгмечете го. Додајте сол по вкус, малку бибер, рендано морско оревче, пармезанот или кашкавалот, јајцето разматено со вилушка, презлата и измешајте ги со лажица да се изедначат.
Од смесата направите ќофтиња. Извалајте ги во јајце претходно разматено со вилушка и потоа во презлата.
Пржете ги во поголема количина загреано масло од двете страни.
Испржени извадете ги на салфетка да се впие вишокот на маснотија.
Послужете ги топли како прилог на месо или со домати, сирење и сл.
Лиценца: Сите права се задржани