Љубовна погача (декорации)
Во еден сад ставаме млако млеко, вода, квасец, масло, додаваме брашно измешано со малку сол. Се замесува тесто и се остава да надојди на топло.
Откако ќе стаса размесуваме повторно.
Во меѓувреме го спремаме садот во кој ќе ја печиме погачата ( во овај случај калап во форма на срце ), го намастуваме. Од тестото делиме три дела, и секој дел го расукуваме долгнавесто, ги преплетуваме деловите еден со друг и ги редиме во садот. Погачата ја премачкуваме со матено јајце и оставаме повторно да надојди. Пред да ја ставиме за печење ги редиме фигурите. Печиме на 180 степени околу 40 минути.
Еден мал совет, за да не изгорат фигурите , се покриваат со фолија.
Фигурите се припремаат од солено тесто (300 гр. брашно, 200 гр.сол, една лаж. масло ) се меси тврдо тесто и се обликуваат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
браво за трпението за декорациите, јас да ги правев ќе беа пола изедени :) :) :) :)