Колач со овошен јогурт
Во подлабок сад ставете ги сувите состојки и измешајте ги. Потоа додадете ги течните, од кои млекото на крај и постепено, додека непрекинато мешате. Откако убаво ќе се измеша смесата, се дели на два еднакви дела, кои засебно се печат во поголем плех (25х35) обложен до пек хартија на 180Ц, 10-15 мин. Корите треба да се тенки. Откако ќе се испечат, се оставаат малку да подоладат и се вадат од тавата и полека се трга хартијата.
За филот, најпрво желатинот растворете го во 5-6 лажици ладна вода и оставете го да набубри, па потоа на пареа растопете го. Откако ќе подолади вмешајте го во овошниот јогурт. Во меѓувреме цврсто изматете ја слатката павлака, во која на сред матење ќе го додадете шеќерот, а при крај и екстрактот од јагода. На крај додадете го и овошниот јогурт, па убаво се промешајте.
На подлога од кутија за торта најпрво поставете ја едната кора, па целиот фил и најгоре другата кора. Оставете неколку часа во фрижидер да се здрви, па сечете го колачот на штангли или коцки.
• Во сезона на јаготките, наместо екстракт може да ставите јагоди.
• Кората можи да ја печите и наеднаш, но тогаш се пролонгира времето на печење, па потоа можи да ја сечите на половина или едноставно да ја оставите така и цел фил да го распоредите врз неа. Кога сме кај начинот на филување, можите и кора - половина фил – кора – останатиот фил. Но мене вака најсимпатично ми изгледа ; )
• Исто така можи да се печи и во кружен калап и да се филова како торта
Лиценца: Сите права се задржани
Jas na vakvi kolaci ne sum merak, ama ako svaris slatko od trendafilite, makar i najmala teglicka neka ima za mene :)))
Лили, пред некои 2-3 недели го намерив слаткото од трендафили и ќе беше за малку да бев побрза. За него потребно е трендафилот да не е прскан, а јас за малку закаснив. Комшијата има цела градина трендафил и го испрскал ден пред да го прашам...Овој на сликата ми е едиснствен што по среќна околност ми останал во дворот. Има многу убава боја на цветот и исто така убаво мириса. Никој не го прска веќе со години и мислев дека е веќе заболен од годините уназат кога брзо пропаѓаа цветовите. Е годинава беше супер сам по себе, ама хаската го избрсети и преживеаја само 2та цветови најгоре хаха... Закажав за следната година сега.... се надевам дека ќе го биди ;) ако во меѓувреме не се најди друг извор :)