Испечати

Колач со овошен јогурт

Колач со овошен јогурт

Состојки

  • * За тесто
  • 250 гр брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици мармалад
  • 4 лажици масло
  • 2 лажици какао
  • 2 пак. ванилин шеќер
  • 1-1,5 лажичка сода бикарбона
  • 0.5 литри млеко
  • * За фил
  • 0.5 литри слатка павлака
  • 5-6 лажици шеќер
  • 500 гр густ овошен јогурт од јагоди (или вкус по ваша желба)
  • 1-2 лажици екстракт од јагоди
  • 10 гр желатин

Подготовка

Во подлабок сад ставете ги сувите состојки и измешајте ги. Потоа додадете ги течните, од кои млекото на крај и постепено, додека непрекинато мешате. Откако убаво ќе се измеша смесата, се дели на два еднакви дела, кои засебно се печат во поголем плех (25х35) обложен до пек хартија на 180Ц, 10-15 мин. Корите треба да се тенки. Откако ќе се испечат, се оставаат малку да подоладат и се вадат од тавата и полека се трга хартијата.

За филот, најпрво желатинот растворете го во 5-6 лажици ладна вода и оставете го да набубри, па потоа на пареа растопете го. Откако ќе подолади вмешајте го во овошниот јогурт. Во меѓувреме цврсто изматете ја слатката павлака, во која на сред матење ќе го додадете шеќерот, а при крај и екстрактот од јагода. На крај додадете го и овошниот јогурт, па убаво се промешајте.

На подлога од кутија за торта најпрво поставете ја едната кора, па целиот фил и најгоре другата кора. Оставете неколку часа во фрижидер да се здрви, па сечете го колачот на штангли или коцки.

• Во сезона на јаготките, наместо екстракт може да ставите јагоди.
• Кората можи да ја печите и наеднаш, но тогаш се пролонгира времето на печење, па потоа можи да ја сечите на половина или едноставно да ја оставите така и цел фил да го распоредите врз неа. Кога сме кај начинот на филување, можите и кора - половина фил – кора – останатиот фил. Но мене вака најсимпатично ми изгледа ; )
• Исто така можи да се печи и во кружен калап и да се филова како торта