Подготовка на ќофтињата
Меленото месо помешајте го со лебните трошки, јајцето, ситно исецканиот лук, магдоносот и останатите зачини. Направете топчиња од месото и оставете ги на страна.

Водата, сокот од домати и инстант супата сварете ги.
Кромидот, пиперката и доматите ситно исечкајте ги. Во една тава ставете малку зејтин и испржете ги прво кромидот и пиперката. Кога ќе омекнат додадете ги доматите. Пржете додека да испари течноста, додадете го оризот, малку пропржете го и потоа додадете ја врелата вода со сокот од домати. Одозгора наредете ги ќофтињата и ставете да се пече на 200°С околу 25-30 минути.
Послужете со свежа салата.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани