Испечати

Ѓувеч со ќофтиња

Ѓувеч со ќофтиња

Состојки

  • 500 гр. мешано мелено месо
  • 3 лажици лебни трошки
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • мешани зачини (црвен пипер, коријандер, бибер, сол)
  • 2 лажици магдонос ситно сецкан
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 3 домати
  • 200 гр. ориз
  • 500 мл. вода
  • 100 мл. сок од домати
  • 2 лажички инстант супа од зеленчук

Подготовка

Подготовка на ќофтињата
Меленото месо помешајте го со лебните трошки, јајцето, ситно исецканиот лук, магдоносот и останатите зачини. Направете топчиња од месото и оставете ги на страна.

Водата, сокот од домати и инстант супата сварете ги.
Кромидот, пиперката и доматите ситно исечкајте ги. Во една тава ставете малку зејтин и испржете ги прво кромидот и пиперката. Кога ќе омекнат додадете ги доматите. Пржете додека да испари течноста, додадете го оризот, малку пропржете го и потоа додадете ја врелата вода со сокот од домати. Одозгора наредете ги ќофтињата и ставете да се пече на 200°С околу 25-30 минути.
Послужете со свежа салата.
Добар апетит!