16
фев
2014
Посен ѓувеч
На маслиново масло прво се пржат исецканиот морков и кромид и постепено се додава исецканиот зеленчук.
Се остава на тивко да крчка додека да испари течноста. Се додава ориз, црвен пипер, зачин и се налива со вода.
Се остава на тивко околу 40 минути да крчка.
Се служи по желба со парче сирење.
П.С додека го спремате ова јадење уживајте во колоритот од бои на зеленчуците.
Лиценца: Сите права се задржани