Испечати

Посен ѓувеч

Посен ѓувеч

Состојки

  • 1 главица сецкан морков
  • 2 сецкани моркови
  • 20 парчиња бамја
  • 1 мало сецкано тикве
  • 2 средни, сецкани компири
  • 1 зелена лута сецкана пиперка
  • 1 црвена сецкана пиперка
  • 1 црвен сецкан домат
  • 60 гр ориз или соини трошки, претходно потопени во вода
  • магдонос, целер, бибер, зачин, црвен пипер, маслиново масло
  • 500 мл вода

Подготовка

На маслиново масло прво се пржат исецканиот морков и кромид и постепено се додава исецканиот зеленчук.
Се остава на тивко да крчка додека да испари течноста. Се додава ориз, црвен пипер, зачин и се налива со вода.
Се остава на тивко околу 40 минути да крчка.
Се служи по желба со парче сирење.
П.С додека го спремате ова јадење уживајте во колоритот од бои на зеленчуците.