Штрудлички со суви смокви
1. Ги матиме путерот, шеќерот и јајцето со миксер до кремаста смеса. Ги додаваме брашното и мелените бадеми и мешаме со миксер. Ќе ни се направи зрнеста структура на тестото. Потоа додаваме сол и кисела павлака, полна лажица. Домесуваме со рака и го оставаме тестото во фрижидер да отстои 1 час.
За тоа време го подготвуваме филот.
2. На сувите смокви им ги отстрануваме рачките и ги попаруваме со врела вода. Ги оставаме така попарени 15 минути. Потоа ги ставаме во блендер или сечко, додаваме сок и кора од портокал, румот, слаткото од смокви и мелените бадеми. Блендираме до еднолична смеса.
3. Тестото го вадиме од фрижидер и го делиме на два или три дела. Во зависност од тоа која големина сакаме да ни имаат штрудличките расукуваме толкав правоаголник. На средината ставаме од филот и го преклопуваме расуканото тесто од едната страна преку филот, па од другата страна врз тестото. Го превртуваме ролатот, со рацете го измазнуваме и сечеме парчиња по желба. Ги печеме во загреана рерна на 190 степени околу 25 минути или додека да нежно поруменат. Откако ќе се испечат ги посипуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Ако многу ви е сув филот може да доставите сок од портокал, тоа зависи од смоквите. Можете да ги правите и без слатко, во тој случај сигурно ќе треба да додадете сок, значи филот треба да не ни е многу течен, треба да е влажен и густ. Јас сакам да ги исечам парчињата пред печење, тоа е моја желба, а вие можете да го ставите цел ролат да се пече, да ги засечете со нож местата каде ќе се двојат и досекуваат штрудличките, па откако ќе се испечат да ги посипете со шеќер во прав и да ги досечете.
Лиценца: Сите права се задржани
Мирјана навистина се топат во уста!
Кujnatanamama, имам 4 деца од кои еден од дечковците ни е полнолетен, така да има многу усти дома за хранење, обично ништо зготвено надвор не се купува и секогаш сме во недостаток на домашно зготвена храна (маф за 10-15 минути) :):)
Ти благодарам на убавите зборови!
Еленке поздрав голем и ти благодарам, ќе продолжам да се трудам како и до сега:)