Ова е моето универзално посно тесто кое најчесто го замесувам за време на постите. Од него правам и кифлички, ѓевреци, штрудли...
Денеска направив штудлички малку поразлични на вид. 
Го пишувам овде и филот кој не значи дека морате овој да го користите, направете си фил кој го сакате вие. Овој ми е некако поразличен и се одлучив за него, се со цел да го овде прикажам. Овој фил го користам кога ги правам оние Рошавите бонбони со готови кори - исто така за време на постите. Проследете понатаму...
Тесто
- Во водата растворете го квасецот (ако е свеж, инстантот само измешајте го со брашното), додадете солта и шеќерот, почнете постепено да додавате од брашното за да добиете меко тесто, податливо за работа. Не го истурајте одеднаш брашното бидејки зависно од самиот тип на брашно секогаш не оди 1 кгр. Најчесто ми се случува да потрошам 800 гр. брашно. 
Фил
- Излупете ги јаболката и исецкајте на коцки или пак изрендајте.
- Ставете ги крупно мелените ореви во мала касерола, малку потпечете ги и додадете го шеќерот во прав. Веднаш ставете го и маргаринот. Со лажица бркајте се до карамелизирањето на шеќерот. Кога веке е шеќерот карамелизиран додадете ги исецканите модри сливи и ренданите (ситно сецканите јаболка). Нека на тивко се пржи целото тоа се додека се добие фина компактна смеса. Доколку сте ги сецкале јаболката, тие не пуштаат сок како што пуштаат ренданите јаболка, тогаш додадете околу 100 мл. вода и нека тивко крчка. Треба да добиете фина смеса која не е крцкава. Откако ќе олади додадете рендана кора од лимон и цимет.

Оформување
- Доколку сте одлучите да ги направите токму овие форми тогаш ќе мора да ги проследите и додатните фотографии. Имено, го делите тестото на еднакви топчиња, секое топче го расукувате во големи на на мал тањир. Исечете на четири дела, потоа исечете од двете страни по три ленти, но не до крај, ставете од филот и преклопете прво едната страна до половина, потоа другата страна префрлете ја врз преклопеното тесто. Се така додека не потрошите тестото. Мој совет е да правите од половина доза бидејки излегуваат навистина многу.
Напомена
- Како што реков правам и ѓевреци или топчиња или кифлички. Од стасаното тесто кое веќе сум го поделила ќе направам обично топче кое честопати знам да го ставам и во калапот за мафини и тоа по три помалецки, па се добива некоја интересна форма. Во сад ставам вода да зоврие заедно со сол и малку сода. Откако ќе проврие  ја тргам настрана, секое парче од топче - ѓеврек или кифличка ја пропуштам во неа и со лажица решетка веднаш ќе го извадам. Го ставам на крпа на која веќе обилно сум истурила сусам. Ги редам во плекче, покривам да стасаат уште малку, па ги печам во претходно загреана рерна на 200 степени.

- Кажав веќе дека можете да правите фил од јаболка како сакате, како што веќе го предложив во рецептот од Штрудлата со јаболка, едноставно само измешани рендани или ситно сецкани јаболка со шеќер, цимет и малку ореви. 
- Ги споменав Рошавите бомбони и тоа го правам за време на пости, но од готови кори кои ги сечам на квадрати во големина која јас ја сакам. Стопам маргарин, премачкам еден квадрат врз него друга квадрат и така наредам 4 кори, горната не ја премачкувам. Ги собирам коричките, на средината малку стиснам за да ги затворам и печам - при служење се посипуват со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани