Афион штрудлички
Ставете да се активира квасецот со водата, шеќерот и прстофат брашно.
Брашното и маргаринот убаво протриете ги низ прсти. Додадете го потоа активираниот квасец, солта и млекото и измесете глатко тесто кое нема да се лепи на раце.
Оставете го на топло 20на минути.
Поделете го тестото на пола и од секоја половина развлечете правоаголна кора со ширина малку повеќе од педа.
Премачкајте најпрво со стопен маргарин, па потоа со мармалад, врз кој убаво и рамномерно ќе наросите од афионот. На крај посипете одозгора со ванилиниот шеќер.
Од тесната страна сечете лентички со ширина од околу 10на см и секоја заролајте ја.
Наредете ги врз пек хартија или намастен плех и оставете ги уште 15на минути на топло да одстојат.
Потоа премачкајте ги со разматена жолчка и печете ги во загреана рерна на 180 С околу 35 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
да се разбериме (за тие за кои знаат за споредбата) за да бидат такви како ајчовите, овде треба уште нешто (можеби со тек на време ќе го доловам нивниот шмек поблизу, ова ми е прва проба. за жал баба ми не е жива за најлесната варијанта-да ја прашам)