Тортава си ја правам почесто, лесна, а особено вкусна. По некој пат кога немам лешници, знам да ја направам и само со ореви....Исто така вкусна...

Прво го правам филот за да има време убаво да се излади.
1. Млекото го ставаме да почне да врие. Во еден сад убаво ги мешаме жолчките, пудинзите, шеќерот и густинот, со околу 100 мл од литарот млеко (додека е ладно). Смесата ја ставаме во млекото со постојано мешање со рачна маталка, за да се направи убав густ крем кој го ставаме убаво да се излади. Кога ќе се излади ги додаваме чоколадото, оревите и лешниците.
2. Белките со шеќерот ги матиме со миксер додека не станат цврсти како шлаг. Го додаваме брашното и мешаме со миксерот кој ни е вклучен на најмала брзина.
3. На хартија за печење во четвртаст плех ја истураме смесата и печеме на температура од 170 степени. Печено е кога ќе го втиснеме со прст, да се враќа на место како сунѓер.
4. Ја вадиме хартијата и го ставаме испечениот пандишпан од белки, па ја мачкаме со половина од филот, па редиме еден ред бисквити, па повторно фил. Врвот од тортата го украсуваме со шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани