Подготовка

1. Мелената плазма се меша со стопениот путер и се распоредува на дното од калап за чизкејк (24цм).
2. Вишните заедно со сокот од лимон, шеќерот и ванилата се стваат на рингла. Густинот откако ќе се растопи во водата се додава во вишните. Смесата од вишни се вари додека да почне да згуснува. Се трга од оган и се остава да се олади, па се премачкува врз подготвената основа од бисквити.
3. Маскарпонето (на собна температура) се мати со шеќерот и ванилата. Се додава претходно изматената слатка павлака, па потоа се додава и желатинот (подготвен според упатството на пакувањето). Откако се убаво ќе се измеша, филот се истура во калапот врз филот од вишни и убаво се израмнува. Чоколадото го растопуваме со слатката павлака и го истураме врз филот од маскарпоне.

Треба да отстои во фрижидер најмалку 6 часа пред послужување. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови