Испечати

Шварцвалд Чизкејк

Шварцвалд Чизкејк

Состојки

  • Основа 300г мелена плазма (или бисквити)
  • 150г стопен путер
  • Фил од вишни 400г смрзнати вишни
  • 4-5лажици шеќер
  • сок од пола лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици густин
  • 3 лажици вода (за густинот)
  • За бел фил 500г маскарпоне (или крем сирење)
  • 120г шеѓер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 250мл слатка павлака
  • 1 кесичка желатин
  • 4 лажици ладна вода (за желатинот)
  • За прелив 100г чоколадо (темно или млечно, по желба)
  • 100мл слатка павлака

Подготовка

Подготовка

1. Мелената плазма се меша со стопениот путер и се распоредува на дното од калап за чизкејк (24цм).
2. Вишните заедно со сокот од лимон, шеќерот и ванилата се стваат на рингла. Густинот откако ќе се растопи во водата се додава во вишните. Смесата од вишни се вари додека да почне да згуснува. Се трга од оган и се остава да се олади, па се премачкува врз подготвената основа од бисквити.
3. Маскарпонето (на собна температура) се мати со шеќерот и ванилата. Се додава претходно изматената слатка павлака, па потоа се додава и желатинот (подготвен според упатството на пакувањето). Откако се убаво ќе се измеша, филот се истура во калапот врз филот од вишни и убаво се израмнува. Чоколадото го растопуваме со слатката павлака и го истураме врз филот од маскарпоне.

Треба да отстои во фрижидер најмалку 6 часа пред послужување. На здравје!