Се става брашното во вангла за месење и на страна спремете го квасецот со малку вода и лажичка шеќер. Додадете го во брашното и оставете да стаса. Откако ќе стаса додадете ги маслото и солта и замесете меко тесто. Доколку оваа количина на вода ви е малку доставете. Оставете да стаса.

Во посебно тенџере ставете млеко и нека се стопли. Кога ќе почне да прави меурчиња тргнете го на страна и додадете го брашното од хељда и со лажица добро измешајте го исто како кога се меси. Оставете да се одмори тестото околу 20 мин.
Кога првото тесто веќе ќе стаса додадете го тестото од хељда и добро измесете. Оставете повторно да стаса.
Во ватростален сад намачкајте со масло и стасаното тесто премесетего повторно и ставете го во садот. Повторно нека стаса.
Откако ќе стаса во загреана релна на 210С ставете да се пече лепчето. Печете пола час на таа температура, а после намалете на 180 и печете уште 15 мин до 20 мин.
По печењето оставете уште 10 минути во исклучена рерна. Лепчето потоа намачкајте го со маслиново масло и оставете со покриена крпа да се олади.
Може да го послужите со секакво јадење.
Одличен вкус,пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови