Шарено лепче
Се става брашното во вангла за месење и на страна спремете го квасецот со малку вода и лажичка шеќер. Додадете го во брашното и оставете да стаса. Откако ќе стаса додадете ги маслото и солта и замесете меко тесто. Доколку оваа количина на вода ви е малку доставете. Оставете да стаса.
Во посебно тенџере ставете млеко и нека се стопли. Кога ќе почне да прави меурчиња тргнете го на страна и додадете го брашното од хељда и со лажица добро измешајте го исто како кога се меси. Оставете да се одмори тестото околу 20 мин.
Кога првото тесто веќе ќе стаса додадете го тестото од хељда и добро измесете. Оставете повторно да стаса.
Во ватростален сад намачкајте со масло и стасаното тесто премесетего повторно и ставете го во садот. Повторно нека стаса.
Откако ќе стаса во загреана релна на 210С ставете да се пече лепчето. Печете пола час на таа температура, а после намалете на 180 и печете уште 15 мин до 20 мин.
По печењето оставете уште 10 минути во исклучена рерна. Лепчето потоа намачкајте го со маслиново масло и оставете со покриена крпа да се олади.
Може да го послужите со секакво јадење.
Одличен вкус,пробајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Лековити својства:го зајакнува организмот,загрева,ја обновува крвта и ја потикнува циркулацијата на крв во раце и нозе.Добра е за концетрација и помнење.Го снижува крвниот притисок,лечи артеросклероза.Делува на болести на плуќата и бубрезите.Допринесува за правилна работа на цревата .Самото стебло на Хељдата е доста ценето во фармацевстката индустрија ,се користи како средство против крварење и за зајакнување на капилари.
Ova e toa brasno no ne mora da bide nas ovaa firma ,ova e strogo bezgluten za luge sto se alergicni na gluten .Pozdrav i ova brasno e prekrasno site peciva gi pravi meki i mnogu vkusni probajte