28
фев
2012
Лепче со маслинки и сирење
Тестото за лепчето е потполно исто како и РЕЦЕПТОТ ЗА ПИТАТА
Тестото се расукува во правоаголна форма, се премачкува со маргарин(маст) и на него се посипува дробено сирење и сецкани маслинки и се мота како ролат. Се добива еден голем ролат кој по желба може да се свитка како полжав, да се пресече на помали ролати или да се свитка во вид на потковица.
Се пече 30-тина минути на 200 степени
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ako ne bese prikazot na slicni recepti, ke go propustev....
- па и јас сум добар, затоа :) :) :) :)
види, вакви работи настануваат кога мене ми се јаде и имам идеја, ама ме мрзи да ја реализирам и неодоливо слатко трепкам, па шеќерко ми удоволува љубовно :) :) :) :)