Лепче со маслинки и сирење
Состојки
- 100-200 гр сирење (исто од око)
- 50гр маслинки (од око се става)
- 1 маргарин за премачкување, а може и маст. не треба цел маргарин
- 1 голема лажица шеќер
- 1 мала лажичка сол
- 1 кесичка сув квасец или половина свеж од коцка
- 500гр брашно
- 250мл вода
Подготовка
Тестото за лепчето е потполно исто како и РЕЦЕПТОТ ЗА ПИТАТА
Тестото се расукува во правоаголна форма, се премачкува со маргарин(маст) и на него се посипува дробено сирење и сецкани маслинки и се мота како ролат. Се добива еден голем ролат кој по желба може да се свитка како полжав, да се пресече на помали ролати или да се свитка во вид на потковица.
Се пече 30-тина минути на 200 степени