Солена шарена салама со јајца
Го вариме зеленчукот во солена вода. Откако ќе се сварат компирот го сецкаме на коцки. Додаваме павлака и мајонез, сол и црн пипер и убаво ја мешаме смесата.
Супата од зеленчукот ја мешаме со желатинот и го растопуваме на тивок оган.
Смесата со желатин ја тураме во смесата со зеленчук и убаво мешаме.
Истураме во правоаголен плех и оставаме да се стегне.
Јајцата се лупат се сечкаат на кругови и се редат во еден ред.
Кората се витка во ролат и се сече на парчиња.
Во оригиналниот рецепт има и јаболко кое се сече на коцки полеано со сок од лимон како и црвена пиперка но јас не ги ставив тие состојки па пак е вкусно.Исто и посебно се варат зеленчуците ама јас со готово пакетче штедев време кое се губи за сецкање.
Е сега јајцата треба да бидат кога ќе се сече на средина и така би било многу подекоративно, но јас бидејќи прв пат правев нешто со желатин, ми се распаднаа јајцата низ ролатот Ч)
И вака беше добро.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Туку, Клара 70 јајца? Јас ќе си поќутам. Срамота да кажам колку офарбав :D