
20
апр
2013
Шарена кајгана со зеленчук и салама
Мешаниот зеленчук го вариме и го цедиме во цедалка.
Саламата или шунката ја рендаме на едрата страна од рендето. Јајцата ги кршиме, добро ги матиме со вилушка и ги додаваме во смесата со зеленчукот. Во тава ставаме зејтин количина по потреба.
Кога ќе проврие со лажица ставаме од смесата. Пржиме на потивок оган колку да порумени кајганата и ја превртуваме и од другата страна.
Овој рецепт е брзи лесен, а секако и вкусен. Послужете ги топли.Затоа се надевам дека ќе го пробате. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани