Најпрво подгответе го кремот
Во сад ставете ги јајцата, брашното, нишестото, шеќерот, сокот и кората од портокал и со миксер малку изматете ги да се изедначат. Млекото ставете го да зоврие и потоа додајте ја смесата. На тивок оган мешајте додека се згусти како пудинг. Тргнете го на страна, покријте го и оставете го целосно да олади. Изматете ја слатката павлака, додајте го оладениот пудинг и изматете ги да се изедначат.

Подготовка на пандишпанот.
Путерот и чоколадата ставете ги на пареа да се стопат. Оставете ги да оладат.
Белките и жолчките одделете ги.
Жолчките изматете ги со шеќерот да станат кремасти. Додајте ги чоколадата и путерот. Изматете ги да се изедначат. Додајте го брашното измешано со пецивото и измешајте го со голема лажица. Со чисти мешалки изматете ги белките со прстофат сол и додајте ги во смесата. Со лажица измешајте ги да се изедначат.
Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет калап (26) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади.

Подготовка на преливот
Водата и шеќерот ставете ги да зовријат. Тргнете ги од огнот, оставете ги малку да оладат и додајте го сокот од портокал и екстрактот од рум.

Пандишпанот исечете го хоризонтално на половина.
На подлога за торта ставете ја едната половина од пандишпанот и попрскајте ја со половина од преливот. Ставете го целиот крем и порамнете го. Ставете ја и другата половина од пандишпан и порскајте го со преостанатиот прелив.

Подготовка на глазурата
Чоколадата, путерот и слатката павлака ставете ги на пареа да се стопат и прелијте ја целата торта. Оставете ја да се стегне и потоа украсете ја со изматена слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани