Чоколадна торта со портокал (без брашно)
Еден интересен рецепт на кој налетав на интернет. Едноставна за подготовка, со интензвен вкус на чоколадо и портокал. Се надевам ќе ви се допадне.
1. Портокалите излупете ги, исечкајте на парчиња и избледирајте додека не добиете убава кашеста смеса. Прецедете убаво за да нема многу сок.
2. Путерот и чоколадото стопете ги на пареа, тргнете го садот на страна додадете го кафето и солта и оставете да се лади.
3. Јајцата и шеќерот пенесто изматете ги додека шеќерот не се растопи. Потоа постепено матејќи додавајте го чоколадото, па портокалите и кората од портокал и на крај мелените бадеми. Ќе добиете средно густа смеса. Претурете во намрсен калап со бр.20. и печете на 180С околу 40-45 мин. односно додека чепкалката не излезе сува.
Оставете да се излади малку, извадете ја од калапот и покријте со хартија додека не се излади целосно. Наросете со шеќер во прав па послужете. Поубава е кога е ладна.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Прв пат подготвувам вака без брашно, но испадна одлично и многу ни се допадна.
Кларич ги видов и твоите коцки, си сакам афион па може да го испробам и твојот рецепт :)