9
јул
2013
Чоколадна торта без јајца
1. Во еден сад ги мешаме брашното, шеќерот, пецивото, ванилата, какаото и сецканите ореви. Во нив ги додаваме киселата вода и маслото. Мешаме со дрвена лажица.
2. Смесата ја ставаме во караванче бр. 28 и печиме на 200 степени 20 минути.
3. Жешката торта ја премачкуваме со мармаладот.
4. Чоколадото за готвење го топиме со маслото на пареа.
5. Ја прелеваме тортата со растопеното чоколадо.
Забелешка
- смесата која ќе ја добиете ќе биде потечна но не се плашете, тортата ќе излезе како што треба и ќе биде сочна
- чашата е 250 мл
Лиценца: Сите права се задржани