Излупете ги варените јајца и наредете ги во една тегла. Зеленчуците ситно исецкајте ги.

Во мало тенџерче ставете ги додатоците, киселината, маслото, шеќерот и солта да зовријат. Магдоносот додадете го откако ќе го тргните тенџерчето од оган.
Измешајте убаво и истурете ја маринадата во теглата со јајца.
Затворете и откако ќе излади ставете го во фрижидер да преноќи. Следниот ден послужете како мезе, прилог со месо и сл.

Додатоци се варијабилни и спрема вкусот. Можи да се додаваат и ситно сецкани пиперки туршија или корнишони, лук кој сака и т.н. Од додатоците ќе зависи и аромата на јајцата. Штета што немав при рака цвекло. Тоа сигурно освен добра арома, ќе му дадеше и убава црвена боја.

Вака приготвените јајца можат да стојат во фрижидер околу 1 недела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови