Кисели јајца / јајца од тегла
Состојки
- 8 (+/-) тврдо варени јајца
- 4 мали филџани оцетна киселина
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче крупна сол
- 1 лажица маслиново масло
- додатоци
- 1/2 мала главица кромид
- 1/2 морков
- 1/2 пиперка (по вкус, лута)
- малку сецкан магдонос
- 10на зрна црн бибер
Подготовка
Излупете ги варените јајца и наредете ги во една тегла. Зеленчуците ситно исецкајте ги.
Во мало тенџерче ставете ги додатоците, киселината, маслото, шеќерот и солта да зовријат. Магдоносот додадете го откако ќе го тргните тенџерчето од оган.
Измешајте убаво и истурете ја маринадата во теглата со јајца.
Затворете и откако ќе излади ставете го во фрижидер да преноќи. Следниот ден послужете како мезе, прилог со месо и сл.
Додатоци се варијабилни и спрема вкусот. Можи да се додаваат и ситно сецкани пиперки туршија или корнишони, лук кој сака и т.н. Од додатоците ќе зависи и аромата на јајцата. Штета што немав при рака цвекло. Тоа сигурно освен добра арома, ќе му дадеше и убава црвена боја.
Вака приготвените јајца можат да стојат во фрижидер околу 1 недела.