Кисели бамбарки во тегла
Рецепт од мојата пријателка. Крцкави, сочни, преубави. За оваа рецепта не важно е времето на подготвување. Не мора да е на есен, можете да спремите во секое време вакви убави закиселени пипеки. Јас користам од оние кои се по три паковани,жолта,црвена и зелена.
1. Пиперките ги чистиме од семето и од рачката. Ги миеме и ги оставаме да се исушат од водата. Ги сечеме на крупни коцки и ги полниме во тегли. Отакако ја наполнивме теглата со пиперки,ја прелеваме со течност која ја приготвуваме на следниот начин.
2. Во 4 литри вода ставам 8 лажици шеќер,7 лажици сол и ставам да зоврие. Штом е зовриено, тргам на страна и додавам 1 литар оцет и еден винобран. Ако не ги оставате да стојат подолго,не ставајте винобран. Така промешаната и врела смеса ја посипувате врз пиперките кои ги наредивте во теглата. Затварајте веднаш.
Пиперките се одлични.Крцкави и вкусни.
Нека ви е слатко. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови