Јајцата и путертот извадете ги на собна температура. Лешниците подобро е да се непечени и пред подготовката на филот да се испечат, така имаат подобра арома и подобар вкус отколку да се подготвува кората со веќе печени лешници. Се мелат топли во блендер, а може да се остават и покрупни парчиња.
За кората се матат белките со собна температура со малку сол. Постепено се додава и шеќерот и се матата непрестајно додека не се добие цврст снег. Во цврстата смеса со кутлача или лажица постепено се додаваат сомелените лешници и мелените бисквити. Се меша убаво и од подготвената смеса се печат 4 кори поединечно во тава 30 или 32 на 180 степени околу 30 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот.
Изматете го жолчките со шеќерот на пареа. Постепено додадете го чоколадото и  кремот и мешајте додека не се растопи и згусне. Тргнете го од оган и додадете го румот. Оставете убаво да се излади.

За тоа време се мате путерот пенесто со 2 лажици прав шеќер. Кога филот ќе се излади убаво соединете го со изматениот путер. Првата кора премачкајте ја со фил, ставете ја втората кора. Повторете ја постапката со сите кори. Последната кора покријте ја со остатокот од филот. Темното чоколадо и белото изрендајте ги по желба ситно со ренде, покрупно со лупало за компири и најкрупно со нож. Украсете по желба. Вака подготвената торта ставете ја да одстои во фрижидер 12 до 18 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови