Чоко-оранж розен торта
Најпрво, изрендајте ги смрзнатите портокали. Потоа сварете го шеќерот со водата и оставете да врие некои 4 минути одприлика. Тргнете од оган и додадете ги иситнети чоколадото и маргаринот. Мешајте додека убаво не се хомогенизира смесата и малку не подолади, па додадете ги ренданите портокали, бисквитите и оревите.
Со млакиот фил филовајте ги сите розен кори, освен најгорната. Ставајте по одприлика 4 лажици фил на секоја кора. Со благ товар, натиснете ги корите и оставете ги неколку саати убаво да легнат.
Измешајте го шеќерот со малку сок од портокал (можи да користите сок од овошјето или сируп за растворање), додадете за повеќе арома ако сакате и неколку капки екстракт од портокал и прехрамбена боја за интензитет. Густината треба да е толкава колку да можи комотно да се размачкува.
Спремениот прелив премачкајте го врз тортата. Оставете добро да се здрви и потоа исечете ја на поситни правоаголни парчиња.
*** Рецептот, со минимални измени е од опаковката на розен корите, со кои за прв пат се сретнав благодарение на Лили. Лили, поздрав! : )
Лиценца: Сите права се задржани
Klara, mnogu ubavo izgleda, a kombinacijata coko i portokal veke Imam kazano deka mi e omilena :)
Одлична комбинација, одлично направено :)
Кори сега има и кај нас, од кумановско производство. И тие бркаат работа, но јас како што кажав во текстот ги фаворизирав вакумираните српски. Нив се уште не отпаковани ги сликав и можам слика да ставам, но не знам дали ги сликав и така, отворени (ке видам слика покасно ако најдам)
Бетина, ако сакаш, радо би ти пратила, ќе се договориме ние со ПП ;)
Лили веројатно е малку позафатена овој период, на сите ни фали.
Ах, за вкусот. Самите кори ако се пробаат, немаат некој вкус (овие, нашите сега нешто со мед као ги има 2 врсти и солени ги потенцираат (не ги пробав), а српсите се неутрални, тие како за прва средба добро ги испитав и скршив парче уште не филовани и ги пробав. Корите ја прават компактноста со филот.
Надче, повели или да ти пратам. Еден дел замрзнав, па има уште :)
Ovaa verzija na Beti vo seriozno iskusenie me stava i mene :)) Site ve pozdravuvam mnogu :)