Испечати

Чоко-оранж розен торта

Чоко-оранж розен торта

Состојки

  • 1 пак. кори за розен торта
  • 350 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр мелени бисквити
  • 2 смрзнати портокали (едниот со, а другиот без кора)
  • глазура
  • 200 гр шеќер во прав
  • малку сок од портокал
  • можи да се додаде и ексртакт од портокал и портокалова прехрамбена боја

Подготовка

Најпрво, изрендајте ги смрзнатите портокали. Потоа сварете го шеќерот со водата и оставете да врие некои 4 минути одприлика. Тргнете од оган и додадете ги иситнети чоколадото и маргаринот. Мешајте додека убаво не се хомогенизира смесата и малку не подолади, па додадете ги ренданите портокали, бисквитите и оревите.
Со млакиот фил филовајте ги сите розен кори, освен најгорната. Ставајте по одприлика 4 лажици фил на секоја кора. Со благ товар, натиснете ги корите и оставете ги неколку саати убаво да легнат.
Измешајте го шеќерот со малку сок од портокал (можи да користите сок од овошјето или сируп за растворање), додадете за повеќе арома ако сакате и неколку капки екстракт од портокал и прехрамбена боја за интензитет. Густината треба да е толкава колку да можи комотно да се размачкува.
Спремениот прелив премачкајте го врз тортата. Оставете добро да се здрви и потоа исечете ја на поситни правоаголни парчиња.
*** Рецептот, со минимални измени е од опаковката на розен корите, со кои за прв пат се сретнав благодарение на Лили. Лили, поздрав! : )