20
ное
2017
Чоко-оранж розен штангли
Во една касерола ги ставме водата и шеќерот и од кога ќе зовријаат вариме на умерен оган 3 минути. Тргаме од оган и ги додаваме чоколадото и путерот и постојано мешаме да се растопат. Замрзнатиот портокал го рендаме на ситната страна на рендето и го додаваме во подготвената смеса. Ги додаваме лешниците, оревите, бисквитите. Соединуваме. Со топлиот фил ги премачкуваме корите, одприлика по 3 полни лажици и ги редиме една врз друга. Најгорната кора не ја премачкуваме. Ставаме фолија и некој тежок предмет одозгора. Така стои еден час, па нанесуваме глазура и сечеме на штангли