Во една касерола ги ставме водата и шеќерот и од кога ќе зовријаат вариме на умерен оган 3 минути.
Тргаме од оган и ги додаваме чоколадото и путерот и постојано мешаме да се растопат.
Замрзнатиот портокал го рендаме на ситната страна на рендето и го додаваме во подготвената смеса.
Ги додаваме лешниците, оревите, бисквитите.
Соединуваме.
Со топлиот фил ги премачкуваме корите, одприлика по 3 полни лажици и ги редиме една врз друга.
Најгорната кора не ја премачкуваме.
Ставаме фолија и некој тежок предмет одозгора.
Така стое еден час, па нанесуваме глазура и сечеме на штангли

Совет-Пред да го замрзните портокалот нека одстои 30 минути во вода во која има додадено прстофат сода бикарбона.Исплакнетего, па замрзнете го

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани