Чоко-оранж торта
Ова е првата торта што ја подготви нашата ќерка Теофанија. Околу создавањето на овој рецепт има цела приказна... Теофанија ни ги подготви своите први палачинки, посни и тоа, па утредента се разбуди со идеја дека сака колачиња да прави па со минимална помош ги подготви Крешентите од Лиле.
Е сега тука веќе кога виде Теодор, братот близнак, нашиот трет син, дека таа почнува да готви, се разбуди ривалството во него и реши дека сака да има натпревар помеѓу нив двајца и тоа баш натпревар со оценување и финализирање со победник... Многу неблагодарна работа си имавме...Требаше да јадеме од превкусниве торти и да гласаме, а за вкусови не се ни разговара камо ли да се оценуваат...Како и да е, Тео си одбра да подготви рецепт од готвачот на Лилјана Илиева, торта Снегулка, а Теофанија направи комбинација од два рецепти, чоколаден колач од интернет, а филот нејзиниот омилен чоколаден фил кој јас го подготвувавам најчесто со мафини...
Тортите излегоа превкусни!!!
Ги пробавме ние домашните, со тоа што некои од нив не знаеја кој која торта ја подготвил, за да не бидат пристрасни во гласањето =), а ги пробаа и други конзументи кои што секако го дадоа нивниот глас=)
Гласањето беше повеќе поради борбениот дух на Теодор...Инаку како за први подготвени торти од нивна страна мене ми се стопли срцето гледајќи ги како се снаоѓаат во кујна, како со љубов создаваат и насочувајќи ги во креативноста и изработката, значи пресреќна бев!
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени да ни се загрее.
2. Го ставаме путерот да се растопи, па го ладиме.
3. Ги соединуваме сувите состојки, ги додаваме јајцата и путерот и целата смеса ја соединуваме со мксер.
4. Во намрсена и со какао посипана тава со обрач или делимано тавата за чизкејк, ја распоредуваме смесата.
5. Печеме околу 30 минути, ама најсигурно пробуваме со чепкалка дали е испечено.
6. За подготовка на филот ја ставаме слатката павлака да дојде до точка на вриење(да не врие), ја тргаме на страна и го додаваме чоколадото со вкус на портокал. Мешаме до соединување па оставаме да подолади.
7. Потоа со миксер ја матиме да фино се измазни.
8. Ја додаваме останатата слатка павлака и поворно миксираме додека смесата малку да се волуменизира и се создаде еден фин и нежен чоколаден крем.
9. Го распоредуваме врз печениот дел и декорираме со чоколадни трошки.
Лиценца: Сите права се задржани
Пак ќе кажам, крушата под круша паѓа
Иии... за тебе нема веќе зима Вале хаха
Ти само ќе уживаш, децата ќе готват
Секоја чест
Тортата е 5
А за ривалството, е тоа е тоа што не донесе до тука :):):) Теодор е со максимален борбен дух! :):):)
Инаку за мене сеуште најдобар начин на кој што сакам да прочитам и видам рецепт е Книга готвач, а такви имам повеќе меѓу кој е и твојот. Незаменливи се пишаните книги, какви и да се!
Ти благодарам за убавите зборови и поздрав од Теодор и Теофанија!