19
јул
2013
Чоко-маскарпоне десерт во чаша
Во мал огноотпорен сад се става слатката павлака да се загрее, при што се внимава на не врие. Се додава чоколадото искршено на коцки. Се меша за побрзо да се растопи. Скоро растопено се трга од оган и се меша и понатаму до компактност на смесата.
Потоа, се додаваат мелените бисквити и лешниците. Секако, ако немате лешници, можи да употребите и бадеми, па дури и ореви.
Состојките за маскарпоне смесата едноставно сите заедно убаво се мешаат.
Во стаклени чаши се става наизменично од секоја смеа со висина одприлика 1 см. И се полнат скоро до горе. Одозгора украсете по желба.
Од оваа доза излегуваат 3-4 помали чаши.
Лиценца: Сите права се задржани