Овој лесен и вкусен десерт јас го нарекувам и тирамису без маскарпоне. Ме потсетува на тирамису, кремаст десерт со пишкоти, а наместо маскарпоне ставив пудинг и слатка павлака.
Најпрво се подговува пудингот. Се вари пудингот со млекото и 4 лажици шеќер, иако ако го пробате ќе видите дека не е баш благо сепак не додавајте шеќер бидејќи филот ќе се облажи и од пишкотите кои имаат доволно шеќер.
Посебно се мати слатката павлака.
Откако сварениот пудинг ќе се олади постепено се додава изматената слатка павлака. Со тоа филот е готов.
Во сад ставаме околу 250-300мл. млако млеко растворено со 1 мала лажичка инстант кафе. Со оваа смеса се потпопуваат пишкоти само секунда кратко и се редат пишкотите во првоаголен плех 35х25.
Па се става пола од филот и се нанесува рамномерно по пишкотите. Истото се повторува и со другата половина пишкоти и фил. Над филот се ренда блок чоколада за декорација или какао по желба како сакате.
Готовиот десерт се остава во фрижидер на ладно да отстои најмалку 8 часа или најдобро да отстои до следниот ден.
Се сече на коцки и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови