Торта со вишни и пишкоти (без печење)
Едноставна, превкусна, сочна и лесна торта која се прави многу брзо, а уште побрзо се јади. Вишните ги добив од мојот свекор која има овошна градина во Буково, сите плодови од таму се непрскани и еколошки чисти.
Подготовка
Во помало тавче број 24, наредете еден слој пишкоти (околу 16).
Павлаката измешајте ја со шеќерот во прав и нанесете 1/3 врз пишкотите па половина од вишните.
Нанесете ја втората третина од павлаката врз вишните, па наредете уште еден ред со пишкоти.
Врз пишкотите нанесете ја преостанатата павлака.
Изматете го шлагот и нанесете го половина врз павлаката.
Потоа преостанатите вишни сварете ги како слатко со 3 лажици шеќер, варете 20тина минути и на крај додадете желатин претходно растворен во 2-3 лажици вода.
Измешајте и оставете малку да се олади па нанесете одозгора. Декорирајте со преостанатиот шлаг и додадете уште некоја свежа вишна.
Оставете ја тортата убаво да се излади и веќе по неколку часа е спремна за консумирање.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови