Најпрвин сварете го кафето и оставете го да се излади. На оладеното кафе додајте го румот и убаво промешајте.
Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа постепено додавајте го маскарпонето и мешајте со жица за матење или може со миксер, но со најмала брзина.
Во правоаголен плех наредете еден ред пишкоти натопени со нескафе, па одозгора нанесете од кремот. Повторете ја постапката уште еднаш(ред пишкоти потопени во кафе, и пак крем).
На крај целата торта посипете ја преку цедалче со несквик.
Оставете ја тортата да отстои една ноќ во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани