Испечати

Чоко-маскарпоне десерт во чаша

Чоко-маскарпоне десерт во чаша

Состојки

  • За чоко смеса
  • 200 мл слатка павлака
  • 150 гр млечно чоколадо
  • 150 гр бисквити
  • 50 гр крупно мелени лешници
  • За маскапрпоне смеса
  • 250 гр маскапроне сирење
  • 50 гр кисела павлака
  • 2 пак. ванилин шеќер
  • 30 гр сецкано чоколадо

Подготовка

Во мал огноотпорен сад се става слатката павлака да се загрее, при што се внимава на не врие. Се додава чоколадото искршено на коцки. Се меша за побрзо да се растопи. Скоро растопено се трга од оган и се меша и понатаму до компактност на смесата.
Потоа, се додаваат мелените бисквити и лешниците. Секако, ако немате лешници, можи да употребите и бадеми, па дури и ореви.
Состојките за маскарпоне смесата едноставно сите заедно убаво се мешаат.
Во стаклени чаши се става наизменично од секоја смеа со висина одприлика 1 см. И се полнат скоро до горе. Одозгора украсете по желба.
Од оваа доза излегуваат 3-4 помали чаши.