Чоко-кокос торта
Сувите состојки за бисквитот измешајте ги во еден длабок сад. На пареа стопете го чоколадото заедно со путерот па додадете го во бисквитите. Измешајте убаво па постепено додавајте го млекот и замесете со рака. Смесата треба да е нешто поцврста, посува од онаа кога правите бомбици со бисквити. На тацна ставете обрач од калап со пречник од 26цм. Ставете ја смесата внатре и распоредете ја притискајќи и порамнувајќи ја со дланките. Оставете на страна.
Подготовка на филот
Во 300мл. млеко растворете ги пудинзите, а останатото млеко заедно со шеќерот ставете ги да се варат. Откако ќе зоврие додадете ги пудинзите и варете кратко. Ќе добиете многу густа смеса. Покријте со стеч фолија и оставете да се лади на собна температура. Откако ќе се излади, на страна во сад изматете го путерот па додадете го пудингот. За цело време матете со миксерот, а садот во кој ќе матите да е повисок, бидејќи смесата прска. На крај додадете го и кокосот и измешајте со кујнска шпатула.
Подготовка на чоколадниот прелив
Ставете ја слатката павлака да се загрева на шпорет на средна температура. Додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте со жица за матење додека не дојде до точка на вриење (не треба да зоврие). Тргнета на страна и оставете да се излади повремено промешувајќи.
Врз бисквитот ставете го филот со кокос и убаво порамнете со ножот. Врз него налејте го чоколадниот прелив кој треба да биде течен. Ставете ја тортата во фрижидер најмалку 4-5 часа за да се стегне. Нјадобро е да ја оставите преку ноќ во фрижидер. Наредниот ден отстранете го обрачот и декорирајте со шлаг.
Тортата на сечење е доста цврста, стегната. На вкус би рекла дека е „тешка“, едно нормално парче мене ми беше многу, што ретко се случува =))), ама вкусна е. Првпат ја правев, и можам да си замислам за некој нареден пат да биде направена и како колач, т.е. чоко-кокос коцки.
Лиценца: Сите права се задржани