Царско месо
Царски ручек кој изобилува со различни вкусови на месо. Допаднато и редовно на нашата трпеза, а во овој случај со поголема количина на месо бидејќи имавме полна куќа гости.
1. Секое месо посебно, исечено на коцки, убаво се динста, па потоа се пропржува кратко време во масло. Месото го ставаме во тава за печење, а во истото масло кај што сме го пржеле, се додаваат сецканите печурки. Откако ќе ги издинстаме со малку вода и нив ги ставаме во месото.
2. Во истото тавче во кое пржевме, загреваме масло, па додаваме брашно и лукче, па црвен пипер. Го пропржуваме малку, па додаваме млака вода околу 2 литри. Правиме нешто налик на бешамел, чекаме да се згусне малку, па ги додаваме сите зачини.
3. Го залеваме месото во тавата за печење со овој сос. Го ставаме во рерна на 250 степени, па кога ќе почне да врие ја намалуваме температурата на 200 степени. Пожелно е да биде покриено додека да почне да врие, па потоа да го тргнеме капакот. Вака се пече околу 45 минути до 1 час.
Лиценца: Сите права се задржани