Овде ќе ви прикажам рецепта, за маринирано мевце кое има специфичен вкус.
Ова ми беше трета тура затоа што спремав малку повеќе месо. Грешката ми е што не направив фотографии со месото на гирото. Но кога се брза и не се мисли добро. Значи со ова сакам да кажам дека ова можете да го подготвите на гиро скарата.
Маринадата спремете ја на следниот начин.

Медот, маслото солта и ѓумбирот измиксирајте ги пополека.
Додавајте копар, доматно пире и ситно сецканиот лук.
Миксирајте и постепено налевајте темно пиво.
Маринадата е спремна со додавањето на сувиот зеленчук.
Оставете ја на страна и подгответе го месото.

Во мојот случај јас го исецкав месото на помали парченца. Така ми беше потребно, а вие не морате да го сецкате.
Ако го оставите цело тогаш во сад наредете ред маринада ред месо, па прекријте со фолија и оставете да отстои околу 2 часа во ладилник.
Кога веќе сте решени да го печете ова царско месо, земајте од парчињата со вилушка и цедете ги од маринадата. Исцедени мевцата се редат на подмаканата скара и се печат по вкус.
Јас имав потреба од мешавина на мевце, па дел од нив ги маринирав, а дел ги печев така како што се.
Кој е мераклија на скара,нека проба од оваа убавина.На здравје нека ви е.

Забелешка

Ваквото маринирано мевце е уште поубаво ако го оставите да отстои преку цела ноќ. Мевцето ќе стане убаво и сочно,а при печењето нема да биде тегаво.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови