Убаво се замесува тесто од сите состојки. Се остава да нарасне малку околу 30 минути. Се дели на 8 топки. Секоја топка се размесува со сукало во тесто со дебелина од околу половина см. Се засекува на ленти дебели околу 1,5 см. Лентите тесто се редат во плех. Се оставаат да одстојат околу 10 минути и секоја лента се премачкува со малку вода со масло, врз секоја се наросува сол, сусам, лук во прав, оригано и копар (може и други зачини по желба). Се печат во загреана рерна на 200 степени околку 15 минути. Одлични се во комбинација со топено сирење, ајвар или салата, а за да биде се комплетно може и кригла пиво... Паа забавата може да почне...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови