2
окт
2012
Фурнаринки
Убаво се замесува тесто од сите состојки. Се остава да нарасне малку околу 30 минути. Се дели на 8 топки. Секоја топка се размесува со сукало во тесто со дебелина од околу половина см. Се засекува на ленти дебели околу 1,5 см. Лентите тесто се редат во плех. Се оставаат да одстојат околу 10 минути и секоја лента се премачкува со малку вода со масло, врз секоја се наросува сол, сусам, лук во прав, оригано и копар (може и други зачини по желба). Се печат во загреана рерна на 200 степени околку 15 минути. Одлични се во комбинација со топено сирење, ајвар или салата, а за да биде се комплетно може и кригла пиво... Паа забавата може да почне...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
јас една друга мрзлива финтица правам.
го сукам тестото на мрсна хартија, го сечам директ врз хартијата и после само го повелкувам да си падне во тавче. да не редам и прередувам лентички. пуста мрза, што се' не ќе ми истекне :) :) :) :)