Фаширани шницли и кремаст прилог
Компирите и морковите излупете ги и исечкајте ги на тенки ливчиња. Зачинете ги и добро измешајте. Потоа ставете ги тава за печење (25х35 см), полијте ги со павлаката и ставете ги во загреана рерна на 220 степени.
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи на малку масло, на тивко околу 10-15 минути. Во меѓувреме потопете ги лебните трошки во млеко. Така омекнати додадете ги во месото. Потоа ставете ги и останатите состојки и пржениот кромид. Се добро измешајте и формирајте 8 еднакви подебели шницли. Секоја обвиткајте ја со парчето сланина и испржете ја на загреано масло од двете страни по 5 мин. Само колку да се запече.
По 30 минути печење извадете ги компирите и над нив наредете ги шницлите. Печете ги заедно уште 15-20 минути. Речиси готовото јадење извадете го од рерна и над секоја шницла ставете парче кашкавал и печете само уште колку да се стопи кашкавалот.
Вака спременото месо е сочно и вкусно, а компирот и морковите се кремасти и имаат попримено и вкус од месото. За малку време ќе спремите комплетен ручек, а освен тоа многу убаво изгледаат заедно послужени.
Лиценца: Сите права се задржани