
Кремаст компир
1. Излупениот компир се сече по должина или форма која вие сакате да ја имате, да не е претенко, се става во садот во кој ке се пече, налевате водата и зејтинот, ставете во рерна да се пече. Не се посолува бидејки крем супата и кашкавалот се доволни да ги зачинат и осолат.
2. Кога компирот е омекнат и останал само на зејтинот, извадете го и залејте го со растворената крем супа посипете со ренданиот кашкавал и повторно вратете да се допече. Кога е формирана кора од кашкавалот, готово е - извадете и драги мои.... пријатен ручек.
Напомена - слободно можете да додадете и пилешко или вака приготвениот компир да ви биде прилог или со него да имате прилог од месо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови