Подготовка
- Доколку имате ситни компирчиња измијте ги убаво, сепак излупете ги и оставете ги цели, а доколку немате тогаш едриот компир излупен исечете го на потенки кругови. Оставете на салвета или крпа да се исцедат или едноставно подсушете ги со крпата, ги ставате во подлабока тава. Врз нив ставете ги тие 50 мл. маслиново масло за готвење, овкусете со сол, додадете го црвениот пипер или благ буковец малку оригано, измешајте ги убаво за да истите рамномерно се овкусат и намрснат. Се заливаат со водата, одозгора исечениот на помали коцкички путерот распоредете го и ставете да се печат во предходно загреана рерна на 200 степени.
- Додека се пече компирот спремете го преливот од измешаните павлака за готвење и јогуртот, додадете го лукчето, повторно малку сол и бибер, Кога веќе се печени компирите залијте ги со преливот, одозгора посипете со ситно исецканиот млад кромид, дел од сувите зачинки, изрендајте или на парчиња исечен кашкавалот ставете го најодозгора, вратете во рерната да се печи односно колку да се стопи кашкавалот и да се спојат сите вкусови во компирот.
- Имате прилог од фантастичен кремаст компир,па и нека е само оброк послужен само со зелена салата.
Напомена
- Кога со спремам овој компир преливот количински го зголемувам, а затоа што младото кромидче овде е одлична комбинација исто така ставам повеќе.
- Наместо црвениот пипер да го измешам со компирот јас малку ставам во компирот кога го спремам за печење, а потоа при сервирањето си додавам одозгора лут буковец- така ми е повкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани