Печен компир со цвекло и кромид
1. Измијте го зеленчукот.
2. Печете го компирот во лушпа во претходно загреана рерна на 150 степени, околу 1 час.
3. Исечкајте го кромидот на ситни коцкички.
4. Кромидот треба да се вари на тивок оган во лонче, со малку додадена вода, додека не омекне.
5. Сварете го цвеклото на тивок оган и по можност, на пареа.
6. Откако ќе се свари цвеклото, исечкајте го на коцкички и додадете го лончето каде се вари кромидот уште 10тина минути.
7. Кога компирот добро ќе се испече, исечете го на половина и врз секој ден додадете ја смесата од сварено цвекло и кромид.
8. Одозгора посипете со листови копар, во свежа или сушена варијанта.
Совет – Послужете го ручекот со свежа салата од марула или ендивија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови