Бев голем скептик за вкусот на овие плескавички, ама комбинацијата на зачини кои ги ставив во нив, а и гарнирот со слаткиот компир, ги направија многу вкусни. Така да сега кога ќе помислам на нив ми се јавува желба да ги направам пак...и пак...

1. Компирот го вариме и пасираме. Цвеклото го рендаме, го истиснуваме сокот од него со раце (го цедиме со стискање) и го мешаме со сите останати состојки, освен со солта.
2. Ја оставаме смесата во фрижидер на некое време, да се поврзат вкусовите.
3. Ги мешаме состојките за валкање на плескавичките.
4. Смесата ја вадиме од фрижидер, додаваме сол и правиме плескавички кои ги валкаме во смесата од гриз.
5. Тавата во која ќе пржиме ја загреваме на средна температура со многу малку масло.
6. Плескавиците ги печеме од двете страни по околу 3-4 минути, на малку масло, при што додаваме масло доколку ни е потребно.
7. Батат или слаткиот компир го рендаме. Тавата ја загреваме на средна температура. Од така изренданиот компир земаме со рака и ставаме во загреаното и малку намрсено тавче. Пржиме неколку минути да се добие крцкава површина и да се спои ренданиот компир.

Забелешка
При превртување на плескавиците додека се пржат, користете широка дрвена или било каква друга лопатка, лажица и маалку притиснете ги додека се пржат.

Батат компирот е многу корисен, а и лесен за обработка. Доколку не сакате да биде многу крцкав скратете го времето на пржење (инаку се јаде и жив). Тој треба да ја задржи скоро истата боја која што ја има и пред топлотната обработка. Посолете по вкус.
И да ви кажам, бидејќи немав ким во прав, семето ким го ставив во машинка за мелење, па потоа бидејќи беше сеуште крупно мелено го истолчив во толчник.
Може и да намалите со чили во прав, јас ставив 1/2 лажичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани