Полнет печен кромид
Брзо, лесно, вкусно, во превод совршено :)
Кромидот исечете го и исчистете го од лушпите. Делот кој што сакате да ви биде дно на кромидот исечете го порамно за да може убаво да стои.
Меленото месо пригответе го како што сакате. Можете да додадете едно јајце и лебни трошки. Јас го оставив само месо, кромид и зачини.
Средината на кромидот исечете ја со нож, исецкајте ја на ситни парченца и измешајте ја со меленото месо. Прстенот од кромид наполнете го со меленото месо.
Доколку сакате кромидот можете да го замотате во парчиња сланина (дополнителни фотографии) или само да го поклопите со сланина како капаче.
Печете на 180 степени 40ина минути. Не треба да се пече на јака температура за да може да се испече внатрешноста.
Доколку сакате полнењето може да биде по ваша желба со зеленчук и сл или меленото месо малку да го запржите пред да го наполните кромидот.
Пријатно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани
алекс9 си требала да ни кажеш нам вечно гладните :D :D :D :D
мотањето со сланина е ВРВ :)