Полнет куглов
Од следниве состојки: 200гр.маргарин,200 мл.млеко,1 квасец,4 јајца,половина лажичка сол,2 лажици шеќер и брашно од 700 до 800 гр.,заместе тесто и оставете на топло триесетина минути.
За првиот фил,прелијте го мелениот мак(200 гр.) со врелото млеко(100мл.) и додадете ги двете кесички ванилин шеќер. Оставете го да олади. Доколку се случи да не го впие млекото, слободно отстранете го вишокот.
За вториот фил, загрејте го мармаладот( 200 гр.) и закиселете по вкус со лимоновиот сок.
Стасаното тесто поделете го на 3 еднакви дела.Секој дел расукајте го во правоаголна кора. Двете кори премачкајте ги прво со крем сирење(на секоја кора му доаѓа од прилика 100гр. или 150гр.крем сирење) и мед (2 до 2 и половина лажица по кора), па потоа со филот од мак. На третата кора нанесете го мармаладот. Секоја кора завиткајте ја во ролат. Ставајте наизменично во предходно намастен и побрашнет калап (мак,мармалад,мак).
Печете на 170 степени.
Лиценца: Сите права се задржани